Меџити: Чаир станува побезбеден – се обновува сообраќајната сигнализација и се обележуваат пешачките премини

Меџити: Чаир станува побезбеден – се обновува сообраќајната сигнализација и се обележуваат пешачките премини

пред 7 часа

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за подобрување на сообраќајната инфраструктура, со посебен акцент на обновувањето на уличната сигнализација и обележувањето на пешачките премини. Целта е поголема безбедност за пешаците, возачите и сите учесници во сообраќајот.

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, истакна дека работите на терен продолжуваат и дека подобрувањето на условите за секојдневно движење на граѓаните останува еден од приоритетите на локалната самоуправа.

Обновувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација, особено на пешачките премини, треба да придонесе за подобра видливост на сообраќајните ознаки и поголема прегледност на улиците.

Со овие активности се очекува да се олесни движењето на пешаците и да се поттикне повнимателно однесување на возачите, особено на местата каде што секојдневно има поголема фреквенција на сообраќај.

Меџити порача дека Чаир продолжува да се менува и дека безбедноста на граѓаните е клучен приоритет во работата на општината.

Од локалната самоуправа очекуваат обновената сообраќајна сигнализација и подобрувањето на инфраструктурата да придонесат за побезбедни и поуредени улици, како и за поквалитетно секојдневие на жителите на Чаир.

Share
Scroll to Top