„Ме киднапираа и ми вперија пушка в лице, мислев дека ќе умрам“ - Ребел Вилсон раскажа за најголемата траума во животот

„Ме киднапираа и ми вперија пушка в лице, мислев дека ќе умрам“ – Ребел Вилсон раскажа за најголемата траума во животот

пред 3 години

Популарната австралиска глумица Ребел Вилсон во интервју за Sky Original Straight Talking откри дека пред неколку години била киднапирана заедно со група жена додека патувале во Мозмабик, Африка. Таа ова искуство го опиша како најголемата траума во животот и не знаела дали ќе преживее.

„Еднаш во Африка бев киднапирана. Тоа се случи во руралниот дел на Мозамбик. Неколку жени и јас се возевме на камион кога до нас дојдоа луѓе со друг камион полн со оружје. Застанаа покрај нас со големи пушки и ни наредија да излеземе од нашето возило. Во првиот момент се исплашив дека ќе нè убијат. Нè oдведоа во една напуштена куќа. Тогаш сфатив дека добро се справувам во кризни ситуации затоа што се однесував како водач на тимот. Кога нè оставија сами, им реков на другите девојки да се држат за раце бидејќи се плашев дека може да земат некоја од нас во текот на ноќта и да ѝ направат нешто“, рекла глумицата.

На крајот никој не бил повреден, а киднапираните девојки ги ослободиле следното утро. Но, Ребел сега е убедена дека тие го користеле нивниот камион за шверц на илегални супстанции или оружје преку границата и дека не планирале да ги повредат, но тоа го сфатила отпосле.

„За среќа, не бевме повредени. Мажите дојдоа следниот ден и рекоа: ‘Вашиот камион е подготвен сега. Можете да одите.’ Не поставувавме никакви прашања, се качивме на камионот и бргу ја напуштивме локацијата, а неколку часа подоцна ја поминавме јужноафриканската граница. Мислам дека можеби овие момци нè користеа за шверц на нелегални работи што ги криеја на дното на камионот“, додала глумицата.

Share
Scroll to Top