Ме повика на ручек ѝ скришум ми ги стави парите во торба, Гога Секулиќ раскажа како Ана Николиќ ѝ се нашла кога ѝ било најтешко

Ме повика на ручек ѝ скришум ми ги стави парите во торба, Гога Секулиќ раскажа како Ана Николиќ ѝ се нашла кога ѝ било најтешко

пред 10 месеци

Голем број пејачи и колеги деновиве слушнаа за тешката состојбата на Ана Николиќ и ѝ дадоа целосна поддршка. Една од нив е Гога Секулиќ која рече дека пред десетина години и таа била во слична ситуација и дека пејачката ѝ се нашла кога ѝ било најтешко.

„Иако не бевме блиски, Ана ми се најде кога ми беше најтешко. Ми се јави ѝ ми понуди помош. Тоа беше пред десетина години. Покажа дека има големо срце. Сите ја знаат како добар другар. Таа тогаш не ми беше блиска, а ме покани на ручек ѝ ми ги стави парите во торба. Сакав да ѝ ги вратам, но ме одби и рече дека знае за мојата ситуација. Никогаш нема да го заборавам тоа“, рече Гога.

Пејачката рече дека не е запознена со проблемите кои ги има Ана, но е сигурна дека треба да ѝ се помогне.

„Не знам дали имала некаков проблем во минатите години, но штом ѝ се случува ова, сигурно има нешто. Јас сум тука за неа. Не знам со кого живее, но знам дека треба да ѝ се помогне“, рече Гога и додаде дека најважно е сега да се мисли за ќерката на Ана, Тара.

„Нејзиното дете не е мало, може да прочита се и сешто што се пишува за неа на интернет и тоа да остави последици по неа. Ако татко ѝ не може да се грижи за неа, тогаш во пресрет треба да излезат бабата и дедото“, рече Гога.

 

 

Share
Scroll to Top