Ме продаваше на богати мажи, а на 17 години ме силуваше во неговиот стан, супермоделот Кери Сутон го тужи поранешниот шеф на Elite

Ме продаваше на богати мажи, а на 17 години ме силуваше во неговиот стан, супермоделот Кери Сутон го тужи поранешниот шеф на Elite

пред 3 години

Некогашнио супермодел Кери Сутон (52), го тужи поранешниот шеф на Elite, Џералд Мари за силување. Таа вели дека тој сексуално ја злоупотребил во неговиот стан во Париз, во периодот од 1980 до 1989 година, кога таа имала само 17 години и дека ја продавал на богати мажи.

Сутон поднела тужба во федералниот суд во Њујорк. Таа во обвинението дополнила и дека тој ѝ давал кокаин и ја убедувал дека на тој начин ќе ослабне и ќе стане поуспешен модел.

Сутон вели дека шест месеци доживеала агонија, а кога на крајот го одбила и не сакала да има секс со него, тој ја исфрлил од станот во Париз, прнесува „Гардијан“. Покрај Сутон, со слични обвиненија се јавијауште неколку жени. Сите знаеле за тоа, но, молчеле, вели Сутон.

Во тој период во Еlite Models“ започнале кариера и Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер, Синди Крафорд…

Џералд Мари (70) на почетокот на 80-те години работел за агенцијата Paris Planning која во 1986 година се споила со Elite Model Management, а тој станал нејзин европски шеф.

Меѓу жените кои го обвинуваат Мари е и поранешната новинарка на „Би-би-си“, Лиса Бринкворт која го истражувала третманот на манекенките во модната индустрија за документарец на телевизиската мрежа во кој покажала како малолетните модели се присилуваат на секс и консумираат наркотици.

Share
Scroll to Top