Полошо е да си во војска отколку на „Онли фанс“, вели порноѕвездата Миа Калифа

Миа Калифа со два брака зад себе и три свршувачки, дели совети за брак: Ако не сте среќни, напуштете ги мажите

пред 1 година

Порно ѕвездата Миа Калифа дели совети за брак на социјалните мрежи. Иако има постигнато голем успех во порно индустријата Калифа таа зад себе има два брака и дури трипати свршена.

Многумина не ја сметаат за компетентна со оглед на нејзините неуспешни љубовни искуства, но имало и такви кои навивале за неа.

Миа вели дека луѓето не треба да се чувствуваат заробени во неисполнети врски и бракови и дека бракот не треба да се смета за света институција, туку само документација.

На самиот почеток на говорот Миа се спореди со Том Брејди и го наведе како пример. Во Тик ток видео, поранешната филмска ѕвезда за возрасни ги советува жените да го напуштат мажот со кој се во брак доколку не сакаат да останат со него.

„Јас сум како Том Брејди. Се омажив на 18. Се разведов на 21. Втор брак. Се омажив на 25. Се разведов на 28. Трета свршувачка. Се верив на 29. Завршив на 30, но го задржав прстенот”, објаснила порно ѕвездата и додала дека „не треба да се плашиме да ги оставиме овие луѓе“.

Ако бракот или врската не носат среќа и исполнување, таа ги охрабрува луѓето да не се плашат да си заминат. Изборот во согласност со личната среќа и благосостојба, нагласила таа, треба да има предност пред општествените очекувања.

„Тоа е обврска што ја преземате, но ако се чувствувате како да не добивате ништо од таа обврска и се обидувате, мора да заминете“, вели Калифа во вдеото.

Наскоро под видеото се појавиле коментари: „Да добивате совети за брак од Миа Калифа би било како да добивате совет од Германците за тоа како да победите во светските војни“, „Оваа жена, по сопствено признание, има два пропаднати брака и трет не успешен. Сепак го задржала свршеничкиот прстен“.

Share
Scroll to Top