„Мизар“ по седум години ќе одржи концерт во Белград

„Мизар“ по седум години ќе одржи концерт во Белград

пред 2 години

Македонскиот бенд „Мизар“ на 16 декември ќе одржи концерт во Домот на млади во Белград. Ова е прв концерт на култната македонска група по седум години, откако свиреа пред белградската публика во 2015 година. Три години претходно тие беа предгрупа на светската ѕвезда Мерлин Менсон.

dobivaj vesti na viber

„Мизар“ имаше мини турнеја низ поранешните ЈУ-републики на почетокот на јуни и тогаш свиреа во Љубљана, Риека и Загреб.

Групата е основата 1981 година и до денес поминал низ многу фази, составот се смени, се разделија и повторно се сретнаа, единствено никогаш не се менуваше Горазд Чаповски, композиторот, гитарист и идеолошки водач на групата. И покрај сите промени бендот создава музика базирана на старите словенски пеења, македонскиот фолклор и византиската традиција.

Досега снимија пет албуми, најавен е и шестиот кој ќе го промовираат на белградскиот концерт. Од тој албум веќе промовираа неколку песни, „Галеб“, „Доаѓа ден“, „Лузна“, „Гласници на падот“, „1903“, „Изгорен од ова сонце“ и „Вечна празнина“.

Share
Scroll to Top