Милан Мариќ е во љубов со ќерката на Драган Бјелорлиќ

Милан Мариќ е во љубов со ќерката на Драган Бјелорлиќ

пред 3 години

Српскиот актерот Милан Мариќ, кој се прослави со улогата на Тома во истоимениот филм ,е во љубовна врска со Миа Бјелогрлиќ, млада продуцентка и ќерка на актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ. Тие се запознале за време на снимањето на филмот, каде Милан ја има главната улога, а режисер е татко ѝ Драган, пренесува „Блиц“.

Тие наводно се зближиле на новогодишна забава и започнале врска пред месец дена, но сè уште не сакаат јавно да се еспонираат, па за нив знаат само нивните најдобри пријатели.

За потсетување, филмот „Тома“ лани во ноември, според ИМБД на Бокс Офис заработил речиси три милиони долари, што важи за успех каков со години немало во регионот.

Share
Scroll to Top