Мила Јововиќ: Дедо ми беше на Голи Оток, татко ми имаше проблем со одмаздата и само уште јас не бев во затвор

Мила Јововиќ: Дедо ми беше на Голи Оток, татко ми имаше проблем со одмаздата и само уште јас не бев во затвор

пред 3 години

Актерката Мила Јововиќ е родена во Украина. Нејзината мајка е Галина Огин Јовиќ и татко Богдан Јовиќ, чие семејство влече корени од Црна Гора.

На  Инстаграм открила дека нејзините предци биле борци во Втората светска војна, а потоа привлече големо внимание на јавноста на фактот дека нејзиниот татко имал бурно минато.

“Таткоми мислеше дека со здравственото осигурување може да направи голем бизнис, па во 1994 година заглави во затвор, каде што останал пет години. Ние сме многу блиски, особено откако го добив првото дете. Живее во Лас Вегас и кога може доаѓа да не посети.

Од мајка ми наследив љубопитност, љубов за литературата и уметноста и дефинитивно да размислам добро пред да одлучам нешто. Од татко ми добив импулсивна страна, бестрашност, подготвеност за понекогаш да влезам во ризик. Сепак, јас сум потомок на прилично револуционерно семејство. Јас сум веројатно единствениот член на семејството на Јововиќ кој не бил во затвор.

Мојот дедо, а мислам дека и неговите браќа, беа политички затвореници на Голи оток, во Југославија. Таа приказна за овој остров ме фасцинира! Имам братучед Мирко, кој е режисер, и би сакала со него да снимиме филм за Голи оток. Подоцна ги разбрав негово значење и значењето на името на тоа место, во смисла на “оголен остров”.

За Американците приказната за настаните на ова место би била многу интересна. Би сакала да направам филм за дивината, насилието, драматичната историја на моето семејство. “Не можеме да го забровиме минатото, дури и да сакаме “, и вели дека имала желба да ја посети Србија и Црна Гора, но нејзиниот татко не сака ни да слушне за тоа.

“Како и повеќето Срби и тој има проблем со простувањето, со одмаздата и таквите чувства кои се пренесуваат од генерација на генерација. Семејството има свои драми и сеќавања кои тешко ги забораваат и оставиле длабок печат кај нив, но потоа се случи раѓањето на мојата ќерка, прва од фамилијата Јововиќ родена во Америка а по два месеци, Бранко починал, првиот Јововиќ кој бил погребан во Америка. Сите дојдоа на тој погреб.

Заради политиката и личните драми семјеството имаше малку или немаше воопшто комуникација меѓу себе, а јас ги поканив сите да дојдат кога ми се роди ќерката. И дојдоа, се собраа сите кај мене, ги оставивме проблемите зад себе, го прославивме новиот живот. Тоа беше многу емоционално. Татко ми беше нервозен пред тоа, не знаеше како ќе излезе планот. Во текот на вечерта тој беше опуштен. Следното утро го помина со насмевка која не се симнуваше од неговото лице, па и јас бев среќна поради тоа.

 

Тој ми рече: “Знаеш, никогаш не би се согласил со сето ова. Tи си единствениот Јововиќ кој може да го собере целото семејство“. Тоа беше олеснување за него. Инаку, таа ја сака својата внука, ќерка ми, која беше крстена Евер Габо. Евер е старо шкотско име за мажите и беше желбата на мојот сопруг, Пол Андерсон кој е режисер. Името Габо е комбинација на првите букви на моите родители, Галина и Богиќ “, вели Мила Јововиќ која има уште две деца, исто така ќерки, Дашиел и Ошин.

Мила Јововиќ зборува и за нејзината адаптација во Америка, по преселувањето од Европа.

“Русите навистина ме сакаат, како и јас нив, тоа е мојата култура, јас сум родена таму. Кога дојдовме тука, во САД, имав проблеми во првите часови во Америка, другарите од класот ме нарекуваа “руски шпион”. Децата можат да бидат сурови. Но, полека го градев своето место во друштвото, знаев што сакам.

“Најпопуларната, најубавата девојка во училиштето обично на крај се мажи со некој од најубавите момчиња од училишниот фудбалски тим и потоа стагнира, не успева да направи нешто од својот живот. Јас не бев од тој круг, сакав и прифатив предизвици и тргнав по друг пат“.

Share
Scroll to Top