Македонката Милица Ризо Трајков од Кавадарци собра шест глава во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ и се пласираше во следниот круг.
Ментор на Милица во шоуто е Мили, а таа отпеа две песни „Солзи з акрај“ од Даница Крстиќ и „Инсомнија“ од Јелена Карлеуша.
Милица имаше подготвено два сталинзи за двете песни. На првата песна носеше црно боди со долги ракави и долга, широка суќња во портокалова боја. Стајлингот го надополнила со шешир од пердуви и висечки монистра на рамената и вратот.
Ѓорѓе Давид го пофали настапот на Милица.
„Ти си сериозна хиена. Ти не беше изненадување, ти вечерва си лавина. Капа ти симнувам“, рече Ѓорѓе.
Убави збориви Милица доби и од Босанец, кој се смета за член од жирито кој ретко ги фали натпреварувачите.
„Првата кандидатка беше совршена, високите тонови убиваат, ниските се разбирливи. Стајлинг, секоја чест. Ти си македонска змија. Вечерва за мене ти беше убедливо најдобра од сите“, рече Босанец.