Милош Стојановиќ ( Smoke Mardeljano) хип хоп артист од Белград ги забавуваше скопјани два часа вчеравечер на стадионот на АРМ во градскиот парк. Публиката буквално уживаше во неговите хитови како што се „Ја рапујем“, „То је рап“, „Обичан човек“. Уште една супер журка за љубителите на рап музиката. Кон крајот од концертот тој се симна мегу публиката и рапуваа сите заедно што остави впечаток дека на скопјанни им фалат и вакви журки.
Милош Стојановиќ до сега има издадено три албуми, а на музичката сцена е активен од 2007 година. Имал тешко детсво и бил во поправен дом, за него се сними и филм. Денес е еден од најпопуларните рапери на Балканот. Вчера се одржа првиот концерт, вториот е денес од 23 часот. Органозатори се Сан Продукција
Редакција Репортер