Мира Марковиќ имала тајни состаноци со Зоран Џинџиќ, на кои зборувале за испорачувањето на Милошевиќ во Хаг

Мира Марковиќ имала тајни состаноци со Зоран Џинџиќ, на кои зборувале за испорачувањето на Милошевиќ во Хаг

пред 5 години

Поранешниот министер и шеф на пратеничката група на СПС во српскиот парламент, Бранислав Ивковиќ, рече дека Зоран Џинџиќ и Мира Марковиќ во деведесетите години имале тајни состаноци, во станови во Врачар, на кои се зборувало за испорачувањето на Милошевиќ во Хаг.

„Тие се гледаа повеќе од педесет пати. Ќе влезеа во различни згради, а потоа Џинџиќ ќе дојдеше во станот на Мира преку рамниот кров од зградата. Така и двајцата беа сигурни дека никој нема да види како влегуваат во ист влез и дека се состнаоуваат“, рече Ивковиќ.

Ивковиќ беше близок човек на Милошевиќ и тој беше со поранешниот претседател во моментите кога беше уапсен. До ден денес верува дека одлуката за испорачување на Милошевиќ, формално ја донел Џинџиќ, но, дека таа била напишана во Вашингтон.

Ивковиќ вели дека Џинџиќ сакал да го спрчи заминувањето на Милошевиќ во Хаг, а му предложил и да се сокрие за да не можат да го најдат, но, Милошевиќ не се согласил.

На прашањето на новинарите дали верува дека Џинџиќ бил искрен во намерата да го спаси Милошевиќ од Хаг, Ивковиќ рече: „Апсолутно. Неколлку пати се состануваа поради Милошевиќ. Тој не сакаше поранешниот претседател да го испрати во Хаг. Искрено му беше жал што Милошевиќ не ја прифати понудата да се тргне настрана. Притисоците кон Србија беа огромни. Русија и Кина тогаш не беа она што се денес. Немавме од кого да очекуваме поддршка. Но, за среќа, Србија денес е во многу подобра позиција. И Кина и Русија ни даваат поддршка, додека истовремено градиме и ги подобруваме односите со Америка и Западот“, рече Ивковиќ.

 

Share
Scroll to Top