Пејачката Били Ајлиш во интервју за радиоемисијата Sirius XM кај водителот Хауард Стерн рече дека ќе умрела од Ковид-19 ако не била вакцинирана.
„Беше лошо. Мислам, не умрев и нема да умрам, но тоа не го намалува фактот колку беше гадно. Беше страшно. Сè уште имам нуспојави. Бев болна речиси 2 месеца“, рече Ајлиш.
Таа откри дека Ковидот оставил последици во нејзиниот живот, но особено е благодарна на вакцината, која ѝ го спасила животот.
„Сакам да биде јасно дека сега сум добро поради вакцината. Мислам дека ќе умрев ако не се вакцинирав“, рече таа.
Ајлиш се зарази на почетокот на годината, а до ден-денес ги чувствува последиците. За потсетување, таа пред 10 дена го промени имиџот и си ја бојадиса косата. Таа сега има потемна и пократка коса.