Мислам дека ќе умрев ако не се вакцинирав, рече пејачката Били Ајлиш

Мислам дека ќе умрев ако не се вакцинирав, рече пејачката Били Ајлиш

пред 3 години

Пејачката Били Ајлиш, во интервју за радиоемисијата Sirius XM, кај водителот Хауард Стерн, рече дека ќе умрела од ковид ако не ја примиела вакцината.

„Беше лошо. Мислам, не умрев и нема да умрам, но, тоа не го намалува фактот колку беше гадно. Беше страшно. Сè уште имам нус појави. Бев болна околу 2 месеци“, рече Ајлиш.

Таа откри дека ковидот оставил последици во нејзиниот живот, но, особено е благодарна на вакцината која и го спасил животот.

„Сакам да биде јасно дека сега сум добро заради вакцината. Мислам дека ќе умрев ако не се вакцинирав“, рече таа.

Ајлиш се зарази на почетокот на годината, а до ден денес ги чувствува последиците. За потсетување, таа пред 10 дена го промени имиџот и ја офарба косата. Таа сега има потемна и пократка коса.

Share
Scroll to Top