post-image

Мислев ќе остарaм со тебе: Објавени преписки меѓу Џоли и Пит

пред 3 години

Светските медиуми објавија преписка меѓу Анџелина Џоли му и Пред Пит. Таа му испратила порака на е-пошта на бившиот маж додека се разведуваа, а содржината е врзана за  сопственоста на нивната винарница Шато Миравал во Франција. На „Тик-ток“  беа објави слајдови од писмото кое Џоли го напишала на Пит во  јануари 2021 година.

dobivaj vesti na viber

Актерката вели дека ја напишала пораката заради нејзината одлука да го продаде својот дел од винарницата.

„Тоа е местото каде што ги донесовме близнаците, тука се венчавме со плоча во спомен на мајка ми“, пишува Џоли. „Место кое ветуваше многу, место каде што мислев да остарам. Дури и сега е не можам ова да го напишам  а да не заплачам. Ќе ги сочувам моите сеќавања за тоа што беше пред една деценија.“ Понатаму вели:  „Еден човек од Лос Анџелес рече дека винарницата е место кое го означува почетокот на крајот на нашето семејство. Не сакам да бидам во бизнисот со вино кога алкохолното однесување толку длабоко му наштети на нашето семејство. Се надевав дека винарницата би можела да стане нешто што нè одржува заедно, но сега гледам Пит сака да не сум косопственик и најверојатно ќе биде задоволен кога ќе ја добие оваа порака“.

 

Share
Scroll to Top