Мистериозна болест во Индија - Reporter.mk

Мистериозна болест во Индија – Reporter.mk

пред 3 години

Официјални лица во Индија ја истражуваат причината за појавата на неидентификуваната болест поради која повеќе од 140 луѓе биле хоспитализирани изминатиот викенд, пренесува „Курир.рс“.

Пациентите имале широк спектар на симптоми – од мачнина до напади и паѓање во несвест, пренесува Би-би-си. Лекарите објасниле дека многумина закрепнале и бргу биле отпуштени.

Локалните медиуми велат дека пациентите направиле тестови на коронавирус, кои биле негативни.

„Луѓето што се разболеа, особено децата, изненадувачки почнаа да повраќаат откако претходно се пожалија дека очите им горат. Некои од нив се онесвестија или претрпеа напади“, изјавил еден од медицинските службеници во државната болница „Елур“ за „Индијан експрес“.

Share
Scroll to Top