Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, беше главна тема во италијанските медиуми по мечот меѓу Болоња и Наполи. Поразот на неговиот тим беше во сенка на неговиот необичен изглед, за кој сите зборуваа изминатиот викенд во Италија.
Тој се појави во елегантен костум, со неговата препознатлива капа и впечатливите сино-бели „џорданки“. Со елегантната комбинација, Михајловиќ ги воодушеви сите љубители на фудбалот, а италијански „Скај спорт“, имаше посебен прилог само за неговиот стајлинг.
Сите коментираат дека Михајловиќ покренал нова фудбалска мода во Италија.