Мице Јанкуловски со самостојна изложба во реномираната галерија „Галатека“ во Букурешт

Мице Јанкуловски со самостојна изложба во реномираната галерија „Галатека“ во Букурешт

пред 6 месеци

Утре, 14 ноември 2023 во 19 часот ќе се отвори самостојната изложба на Мице Јанкуловски „Над црното“ во реномираната галерија „Галатека“ во Букурешт, Романија.

Куратори на изложбата се Анка Боериу, Романија универзитетски професор на Националната академија за уметност во Букурешт и Корнелија Конеска, Македонија.

Јанкуловски, со изложбата „Над црното“ во Галатека се претставува со полиптихот „Круговите на Леонардо II“ (4 слики, акрил на платно, 195 х 780 см) и сегмент од 3 дела од полиптихот „Ноќите на Тоскана“ (10 слики, акрил на платно, 195 х 1950 см).

За “Галатека” (https://www.facebook.com/GalerieGalateca)

Галатека е мултидисциплинарна уметничка галерија, жив и модерен простор кој го носи потписот на архитектот Раду Теака, сместена во историска зграда во срцето на Букурешт. Со својата отвореност кон експериментот во уметноста овој простор стана култен уметнички центар, платформа каде се спојуваат современата и класичната уметност и кој им овозможува на уметниците, дизајнерите, архитектите, кураторите и луѓето од медиумите да се сретнат и да соработуваат… сè со цел да и понуди на јавноста поинаков вид на уметничка интеракција преку која се истражуваат повеќе области и форми на уметничко изразување: од стрипови до видео-арт, од слики и цртежи до инсталации и случувања, од современи романски уметници кои напишаа историја до мода, од класични мајстори до мултидисциплинарни меѓународни уметници.

Текстот Мице Јанкуловски со самостојна изложба во реномираната галерија „Галатека“ во Букурешт е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top