Хрватскиот пејач Мишо Ковач (80) е хоспитализиран на одделот за белодробни заболувања во Клиничкиот болнички центар Сплит поради проблеми со дишењето. Неговата состојба не е поврзана со коонавирусот, пренесува „Дневник.хр“.
Според хрватските медиуми, легендарниот пејач е стабилен и се чувствува добро, па за неколку дена треба да биде пуштен на домашно лекување.
Пред две години, поради слични проблеми, Ковач беше лекуван во Загрепската специјална болница за белодробни заболувања и таму се опоравуваше од сериозна инфекција на белите дробови.
Ковач пред неколку дена објави спот за песната „Чувајте ми ја песната“ од албумот „Биди човек со добра волја“ од 1999 година и ова е првиот од четирите нови видеа што тој ги сними на крајот на септември.
(Видео) Легендарниот пејач Мишо Ковач на 80 години објави нов спот