Ми се исполни желбата да се сретнам со Дарко Панчев: Вучиќ на кафе со фудбалската легенда

Ми се исполни желбата да се сретнам со Дарко Панчев: Вучиќ на кафе со фудбалската легенда

пред 3 години

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е во посета на Македонија, се пофали дека конечно го запознал легендарниот фудбалер на Вардар и Црвена звезда, Дарко Панчев. Тој објави и фотка на неговиот официјален профил на Инстаграм, и не криеше дека му се исполнила желбата да направи муабет со еден од најдобрите фудбалери на овие простори. Панчев, со Црвена ѕвезда стана европски и светски шампион, а во 1991 година ја освои Златната копачка.

„Со македонската и југословенската легенда Дарко Панчев. Чест ми е што успеав да се сретнам со големиот шампион“, напиша Вучиќ.

Претседателот на Србија, кој важи за голем љубител на фудбалот, но и спортот воопшто е во посета на Македонија, заедно со албанскиот премиер Еди Рама.

Share
Scroll to Top