Младите против корона ќе се вакцинираат дури 2022 година, експертите од СЗО кажаа кои ќе имаат предност

Младите против корона ќе се вакцинираат дури 2022 година, експертите од СЗО кажаа кои ќе имаат предност

пред 3 години

Младите лица ќе се вакцинираат против коронавирусот дури во 2022 година, вели главната научничка на Светската здравствена организација Сумја Сваминатан. Таа вели дека брзата и масовна вакцинација против Ковид 19, е малку веројатна.

Сумја вели дека мнозинството се согласни дека прво треба да бидат вкацинирани здравствените работници, но и кај нив треба да биде одредено кој е во најголем ризик, а потоа по ред да се вакцинираат постарите лица.

„Младите здрави лица, ќе мора да почекаат дури до 2022 година“, изјавила Сваминатанова.

Таа предупреди дека иако бројот на смртни случаи од коронавирус, на глобално ниво е намален, забележан е раст на бројот на заболени кои се сместени на одделенијата на интезивна нега.

„Зголемената смртност секогаш заостанува во однос на порастот на бројот на случаи на инфекција и тоа за неколку недели“, објаснила Сваминатанова.

Share
Scroll to Top