Млет е остров со волшебни плажи и најдобриот ресторан во светот

Млет е остров со волшебни плажи и најдобриот ресторан во светот

пред 11 месеци

Млет е осмиот по големина остров во Хрватска, кој се наоѓа во непосредна близина на Дубровник.

Јуни е најдобриот месец за посета на Млет кој го красат прекрасни плажи и заливи, но сепак треба да се внимава бидејќи е забрането да се шета по песочните дини поради заштитените видови растенија кои живеат таму.

Овој остров не е посебен само по растенијата, туку и по тоа што е вистински мал рај за семејствата со мали деца и оние кои сакаат да поминуваат време во вода. Заливите се плитки, а ако се нурнете, ќе видите морска трева и прекрасните бои на заштитеното морско дно.

Покрај природата, Млет има и ресторан кој се најде на листата на Гардијан на 35 најдобри ресторани во светот, а она што мора да го пробате таму е тестенините со јастог што сите го фалат.

Уште една од посебните плажи е Саплунара, идеална како место да го поминете остатокот од денот и да уживате во едрилиците кои ќе ви го покажат островот и од другата страна.

Share
Scroll to Top