Модели на јакни кои не се веќе во мода

Модели на јакни кои не се веќе во мода

пред 4 години

Пердувестите јакни се најпопуларни и најфункционални парчиња за ладната сезона…

Сепак, не е лесно да ја пронајдете совршената опција, која на вас ќе изгледа убаво, ќе се вклопи со остатокот на вашиот моден арсенал а притоа нема да изгуби на својата привлечност и популарност веќе следната година.

Како што и самите знаете, модните трендови се менуваат заедно со годишните времиња, и тоа што е популарно денес, веќе утре може да биде демоде, дегутантно и за заобиколување.

Како би ви помогнале што полесно да ја изберете зимската јакна која ќе ви пружи топлина и стил во текот на целата ладна сезона, а можеме и до онаа следната, одлучивме со вас да споделиме кои модели повеќе не се во тренд.

Откријте ги во галеријата.

Пердувеста јакна со каиш и качулка

Иако ќе каишот ќе ви помогне да си го загреете грбот, додека качулката ве штити од временските услови, ваквите јакни не вреди да ги купувате, бидејќи нема да ви пружи удобност и топлина.

Наместо тоа одлучете се за нешто модели со повеќе волумен.

Јакни со надворешно крзно

Крзно на џебовите, ракавите, долж патентот и на качулката… дали би сакале да бидете олицетворение на добриот стил или да личите на некој кој живи во арктичкиот круг? Овие јакни не се веќе толку популарни затоа што само по себе, крзното повеќе не е толку во мода. Сè поголем број бендови наместо вистинско крзно бираат вештачко, додека самиот додаток на крзно, освен доколку не е на качулката, нема да ѝ допринесе топлина на вашата јакна.

Сечени јакни со три-четвртасти ракави

Овие модели беа популарно некое време од многу непознати причини. Зошто повеќе не се во мода? Па, едноставно е – ваквите јакни не се нималку функционални – нема да ви го заштити грбот, ниту рацете од дожд, снег и од ледениот зимски ветер. Кога ќе купите ваква јакна, морате да најдете и ракавици со соодветна должина, боја и квалитет, што верувајте, не е нималку лесна задача.

Тенки пердувести јакни

Овој неверојатно популарен модел можете да го пронајдете практично во бутиците на секој бренд. Мораме да признаеме, тој доаѓа со своите добри страни, но и со оние лошите. Доколку го носите како самостоен слој, бидете спремни дека под него треба да понесете подебел џемпер, дуксер или нешто слично, затоа што во спротивно ќе затреперите од студ кога ќе излезете од својот дом. Доколку ваквата јакна ја носите под кабаница, мантил или бунда, тогаш сте на вистинскиот пат.

Јакни со здолниште

Пред отприлика пет години, овие модели беа невидено популарни, но не можеме да кажеме дека дури и тогаш беа успешни. Пред се, ваквите јакни ја намалуваат својата флексибилност – доколку облечете патики со таков модел ќе изгледате чудно, дури и многу тешко ќе пронајдете јакна со соодветната ширина. Пред сè поради својата ширина во долниот дел, тие нема да ве греат како што треба, додека ќе додадат волумен во тој дел од вашето тело, поради што може да изгледате пониски.

 

Share
Scroll to Top