Модерни фризури: Микс на четириесетите и седумдесетите години на минатиот век

Модерни фризури: Микс на четириесетите и седумдесетите години на минатиот век

пред 4 години

Брановити кадрици, кои беа популарни во 1970-тите, сезонава ќе се носат со патец настрана,  детал карактеристичен за 40-тите години на минатиот век, како и со затегната коса на врв на главата. На повеќето ревии доминантни беа ретро-бранови, кои се разликуваат по големината.

Рамни, густи, префрлени преку едната страна, скалесто потстрижени, тие дефинитивно се враќаат на голема врата: за некои форми на кркми не ни се потребни ножици, бидејќи се креираат со префрлување на едно подолго перче преку челото, кое треба да се прицврсти со шнола.

И за преку ден, и за навечер. Косата е затегната, повлечена наназад и сосема рамно зачешлана во задниот дел. Исто така, уште една варијанта на овој стил е фризура затегната во тилот, со спуштени, брановити перчиња до краевите.

  • Вовлечени перчиња

Доста лежерен стил со лабаво навиткани и вовлечени перчиња во кок или во коњско опавче, забележани на модните писти уште лани. Овој стил ќе биде уште еден кој ќе биде актуелен претстојната сезона, посебно кога собраната коса е вовлечена во широка рол-јака.

  • Мокро и заплеткано

Еден од трендовите што е најтешко да се преведат во реалниот живот: „мокри“ и доста заплеткани бранови во косата. Нешто пореална варијанта на овој стил е „мокра“ коса собрана во коњско опавче.

  • Елегантно, ниско коњско опавче

Разни верзии на ниско коњско опавче, со целосно зачешлана коса и јасен патец или со патец настрана. Уште еден впечатлив детал е многу сјајна и рамна коса.

Без разлика дали се работи за виткана, брановита, рамна, кратка, паж или за коса до половина на грбот, фризерите ја нагласуваат природната текстура без да употребат производи за стилизирање.

  • Кокови во стил на хероините на Хичкок

Елегантни, високо врзани кокови совршено прилегаат со елегантната облека.

Иако повеќето од нас ќе изберат елегантни и префинети фризури, не се сомневаме дека оние посмелите ќе го прифатат панк/рок-стилот со „кренати боцкави прамени во боја, во стилот на рокерите од 1970-тите и на панкерите од 1980-тите години.

  • Микробрановито

Мали и еднакви бранови се креираат едноставно – кога ќе ја расплетеме плетенката, а оправдано заслужуваат свое место помеѓу хит-фризурите оваа сезона.

Share
Scroll to Top