Модни грешки што можат да го уништат стилот на секоја жена

Модни грешки што можат да го уништат стилот на секоја жена

пред 3 години

Секоја жена има доживеано момент во животот кога ќе се погледне во огледало и ќе сфати дека облеката што ја има на себе не изгледа баш онака како што ја замислила.

Овој изглед честопати е предизвикан од модните грешки во стилизирањето. Постојат неколку едноставни трикови кои можат да го решат овој проблем.

1. Носење преширока облека

Широката и слоевита облека не е вистински избор доколку треба да се прикрие некој недостаток на телото, како што е вишокот килограми околу стомакот или колковите. Напротив, може да даде спротивен ефект. Облеката се избира да ја следи линијата на фигурата, и секогаш треба да се нагласува струкот.

2. Перење на целата облека на ист начин

Секогаш треба да се практикуваат  упатствата за грижа на облеката. Ако се игнорира упатството, парчето гардероба може да се стесне, или да ја изгуби бојата, а доколку добро се одржува може да трае и со години.

3. Тренд облека од претходни сезони

Проблемот со облеката што е тренд е што може да се носи само една сезона а веќе наредната нешто сосема друго го завзема местото. Се инвестира во квалитетни и безвременски парчиња, а  тренди парчињата од актуелната сезона не се препорачува да зафаќаат голем дел од плакарот.

4. Погрешни чевли кои лошо се комбинираат со здолништата и панталоните

Основното правило гласи вака: Сите здолништа и фустани што се над колената, се комбинираат  со рамни чевли, балетанки, патики или чизми. Кога должината на здолништето е под колената па надолу, се носат  високи потпетици. Слично е и со панталоните, подолгите се комбинираат со високи потпетици, додека пократките може и со пониски потпетици или со рамни чевли.

5. Премногу модни додатоци

Омилена јакна со везови и нитни, прекрасни ѓердани, обетки, украсени очила за сонце и чанта со посебен дезен… но сето тоа ставено на едно место, може едноставно да биде премногу. Се избираат модните додатоци кои ќе придонесат за  умерен изглед.

Share
Scroll to Top