Ова лето ќе се носат исклучително шарено кога модата е во прашање. На располагање ќе има голем број трендови, па секоја дама ќе може да пронајде нешто по свој вкус. Сепак, ќе доминираат трендови кои биле популарни во текот на 90-тите години. Ова лето повеќето од нив ќе се вратат во голем стил на модната сцена.
Ние ќе издвоиме топ 10 трендови кои летото ќе го направат поинтересно:
1. Бела боја
Лелеави фустани, но и фармерки во бела боја се задолжително парче во гардероберот на секоја жена од стил. Оваа нијанса одлично им стои на сите, па нема причина зошто да не си набавите барем едно такво парче. Освен тоа, белата е како создадена за жешките денови налето.
2. Цветен фустан
Бохо стилот наголемо ја доминира модната сцена, па и ова лето е незамисливо без фустаните со цветен принт. На располагање ни се сите бои, како и должини. Еднакво ќе бидат актуелни и мини, но и макси моделите.
3. Ѕвонарки со длабока половина
Фармерките кои беа доста популарни во текот на 90-тите, сега повторно се во центарот на вниманието. Овој ретро стил добро стои на речиси секоја градба, а може да се носи во безброј прилики
4. Бермуди
Заборавете на ултра кратките шорцови. Оваа сезона бермудите се нешто кое мора да го имате. Пошироки, поудобни модели се изборот на трендсетерките и модните експерти.
5. Кроп топови
Кратки маички и асиметрични кроеви се нешто кое често ќе го гледаме по улиците. Кроп топовите и панталоните со висока половина се добитна комбинација во моментов.
6. Плетена торба
Додека некогаш главно беа резервирани за одење на плажа, торбите од рафија последниве неколку години станаа нашите најдраги додатоци во текот на летните месеци, кои со задоволство ги носиме во град, па дури и во канцеларија. Иако денес постои огромен избор на најразлични модели, за почеток ви е потребна класична торба која лесно се прилагодува на сите прилики.
7. Маички со апликација
Се сеќавате ли на моделите кои доминираа во текот на 90-тите години, оние со интересни апликации? Токму тие модели повторно се во фокус.
8. Сандали влечки
Сандалите влечки со потпетица од средна висина се единствени обувки што ни се потребни. Освен што убаво изгледаат на нога, тие се удобни – па затоа заслужуваат чиста десетка.
9. Венчиња, марами и други додатоци за коса
Колку повпечатливо, толку подобро, гласи правилото на ова лето. Додатоците за коса се сè популарни. Во тренд е сè од марами, венчиња и качкети.
10. Миди здолништа
Не заборавајте да внесете во вашиот орман и едно миди здолниште во кое ќе го поминете денот на работа, вечерта со пријателите или викендот ќе го прошетате покрај река.