Момче со аутизам постави светскиот рекорд во решавање Рубикова коцка за 3.13 секунди

Момче со аутизам постави светскиот рекорд во решавање Рубикова коцка за 3.13 секунди

пред 11 месеци

Макс Парк (21) од Калифорнија, момче со аутизам, постави светскиот рекорд во решавање Рубикова коцка 3х3, откако успеа да ја реши за 3.13 секунди. Тој на 15. јуни го урна стариот светски рекорд кој беше поставен во 2018 година и изнесуваше 3.47 секунди, а кој постави Кинезот Јушенг Ду. Макс досега победил на преку 400 натпревари за решавање на Рубикова коцка, а за него се снимаше и документарец на Нетфликс пред три години.

На Твитер се споделува видео на кое Макс неколкупати се обидува да го урне претходниот рекорд од 3.47, кој е поставен пред скоро 5 години, во 2018.

Кај Макс Парк, е дијагностицирана бага форма на аутизам како дете, постави неколку Гинисови рекорди во минатото, на Рубикови коцки со различни димензии, а има и најбрзо просечно време за решавање на Рубикова коцка со една рака.

Неговите родители во 2019 година откриле дека го пријавиле Макс на натпревар за решавање Рубикова коцка за да му помогнат полесно да се социјализира и да се развие, поради неговиот аутизам, пишува Дејли мејл

„Сето ова почна поради аутизмот на Макс, не поради самата коцка. Сакавме да се социјализира, да најдеме начин да му ја подобриме моториката. А бидејќи од мал покажуваше интерес за Рубиковата коцка, сè тргна оттаму“, рекла неговата мајка.

Share
Scroll to Top