Моника Белучи проговори за раскинувањето со Бартон: „Тој секогаш ќе има посебно место“

Моника Белучи проговори за раскинувањето со Бартон: „Тој секогаш ќе има посебно место“

пред 15 часа

Познатата Италијанка Моника Белучи повеќе не е во врска со Тим Бартон. Двојката раскина по две години врска.

Сепак, и покрај сè, таа има само пофални зборови за него. Во разговор за италијанското издание на списанието „Вог“, Моника се осврна на оваа тема.

„Понекогаш патиштата се вкрстуваат за некое време за да бидеме заедно. Тим и јас се вкрстувавме за некое време, а потоа тргнавме по различни патишта. Но, додека сум жива, тој секогаш ќе има посебно место во моето срце“, рече Моника.

Нивното заедничко појавување беше во ноември минатата година на 21-от Меѓународен филмски фестивал во Маракеш, Мароко. Веќе постоеше чувство дека нешто не е во ред, со оглед на тоа што многу често се појавуваа заедно во јавноста.

Сепак, се чини дека останаа во пријателски односи и покрај нивната разделба.

фото: принтскрин

Share
Scroll to Top