Мостар и Корчула меѓу најубавите градови во светот според Си-ен-ен

Мостар и Корчула меѓу најубавите градови во светот според Си-ен-ен

пред 3 години

Си-Ен-Ен објави листа на најубави мали гратчиња во Европа кои вреди да се посетат, меѓу кои и балканските градови Мостар, Корчула и Нафплио.

Според Си-ен-ен, Мостар денес е омилена дестинација во Босна и Херцеговина, а негова главна знаменитост е Стариот мост, кој е изграден од Османлиите во 16 век. Тој се смета за еден од најдобрите примери на балканската исламска архитектура. Мостот беше срушен од хрватските сили за време на балканските војни во ноември 1993 година, а беше повторно изграден во 2004 година.

Си-ен-ен во својот опис ги спомна и традиционалните скокови кои се случуваат секоја година, но и фактот дека Мостар е станица на светски познатата серија Red Bull Cliff Diving.

Покрај Мостар, се најде и Коручула, за којшто Си-ен-ен вели дека е град од светска класа, со светли бели улици, куќи изработени од камен и прекрасни градби што ги оставиле Венецијанците, кои владееле тука со векови.

Си-ен-ен додава дека локалните жители велат дека Марко Поло е роден во Корчула, но Венецијанците го оспоруваат тоа.

Древниот град Нафплио во Грција исто така се најде во оваа листа. Тој се протега низ Пелопонез, и беше првиот главен град на модерна Грција. Си-ен-ен ги советува туристите кои сакаат историја, да го посетат Археолошкиот музеј каде ќе можат да видат предмети кои датираат од микенската ера.

Останати градови кои се најдоа на листата на Си-ен-ен се:

Хиторн (Холандија)

Си-ен-ен вели дека го нарекуваат холандската верзија на Венеција, иако не се соочува со толкав прилив на туристи како италијанскиот град. Додава дека во центарот на Хиторн нема автомобили, па единствениот начин да се стигне до таму е пеш или со брод.

Гимараеш (Португалија)

Си-ен-ен вели дека овој град е клучен за историјата на Португалија.

„Тој е прогласен за прв главен град на земјата во 12 век, а неговиот средновековен центар остана главно недопрен, полн со манастири, прекрасни палати и замок, сместен на врвот на карпа“, стои во описот на Си-ен-ен, кој меѓудругото ги советува читателите го пробаат локалниот специјалитет „torta di Gimarais“, колачи полнети со тиква и мелени бадеми

Роскоф (Франција)

Во својот краток опис, Си-ен-ен потсетува дека пристанишните градови можат да бидат валкани, но тоа не е случај со прекрасниот мал Роскоф, кој се наоѓа во францускиот регион Бретања.

Си-ен-ен додава дека градот станал богат со поморска трговија и извоз на познатиот розев кромид во Велика Британија.

Ангијари (Италија)

„Средновековниот град на границата меѓу Тоскана и Умбрија се наоѓа на рид и е вистинско уживање за сите туристи кои го посетуваат“, стои во описот на Си-ен-ен.

 

Мазара дел Вало (Италија)

Овој град е основан од Феничаните пред речиси 3.000 години.

„Нејзината истакната атракција е Сатиро Данзанте или Танцова сатира, древна бронзена статуа извлечена од морето во 1998 година“, стои во описот на Си-ен-ен.

Кловели (Обединето Кралство)

„Некогаш, магарињата беа единствениот начин за некој да се искачи и да се спушти по стрмните улици на ова прекрасно рибарско село во Девон, во југозападна Англија“, се вели во описот на Си-ен-ен.

Тој додава дека сè уште нема воведено автомобили, бидејќи градот се наоѓа на дното на карпа од 120 метри, па робата се транспортира со санки.

Динкелсбил (Германија)

Си-ен-ен вели дека овој град има сè, од сладок историски центар до дрвени куќи и кули. Опкружен е со средновековните ѕидови и има голема готска црква, каде што воедно беше локациран филмот „Енигма“ на Каспар Хаузер

Кенмар (Ирска)

Се наоѓа на југот на округот Кери во Ирска во истоимениот залив. Си-ен-ен објаснува дека градот е познат е по својата храна и прекрасните погледи, со големите планини кои се издигнуваат над недопрениот залив.

Пиран (Словенија)

Иако Словенија има само дел од брегот меѓу Италија и Хрватска, сепак тој мал дел има неколку прекрасни градови, меѓу кои и Пиран.

Си-ен-ен вели дека со својата прекрасна архитектура и рибарските чамци закотвени во малото пристаниште, по малку потсетува на Венеција.

Реин (Норвешка) 

За Си-ен-ен Реин претставува едно од најспектакуларните места на архипелагот Лофотен, кој има прекрасен поглед на островите и селото Рајнбринген, веднаш до градот.

„Реин е симпатичен норвешки град, далечен, мал и покрај брег“, стои во описот на градот.

Регенкос (Шпанија)

Се наоѓа јужно од триаголникот на Дали, место каде што живеел и работел познатиот уметник.

„Тоа е планинска област со мирни села, каде се наоѓаат остатоци од средновековните ѕидини, црква и традиционална камена куќа“, стои во објавата на Си-ен-ен.

Тарноф (Полска) 

Си-ен-ен за овој стар град вели дека е мешавина од архитектонски стилови, готски и многу еврејски населби.

Share
Scroll to Top