Се одржа првиот „Фестивал на инклузија“, во понеделникот во скопскиот локал ,,Тренд – Гастро Бар“, со најва дека ова ќе стане традиција. Фестивалот беше организиран од страна на Здружението за афирмација на правата на лицата со попреченост –Икуалити. На фестивалот кој започна со идејата за прославување на животот преку уметност, настапија студиото за танц „Еурека“, кој ја одиграа инклузивната претстава „Рефлексија“. Настап имаа и пијанистката Ема Ананиевска, како и инклузивниот „Трисомија 21“ и „Колектив Ветерница“. Фестивалот го поддржаа и Игор Џамбазов, Дани Димитровска и познатото дуо ДНК.
„Фестивал на инклузија“ е почеток на една позитивна приказна во овие непредвидливи и предизивикувачки времиња, кој има за цел да ја разбуди емпатијата кај младите, да се олесни размената на искуства и да се укаже на важноста од почитување на меѓусебните разлики. Ова е само почеток на една традиција која ќе биде отслик на емпатија и срдечност меѓу сите учесници во општеството-информираат од здружението, велат организаторите.