Музичарите на протест пред Влада, денес 317 заразени од корона

Музичарите на протест пред Влада, денес 317 заразени од корона

пред 4 години

Претставници на ноќните клубови од земјава заедно со дел од музичарите денеска излегоа на протест пред Владата против најновите одлуки за заштита од коронавирусот, а денeс бројот на заразени е рекордни 317.

Според одлуката на Владата за новите протоколи, се забранува гостување на ди-џеи и пејачи, во угостителски објект ќе можат да седат само четворица луѓе на една маса и се ограничува музиката во рестораните и кафулињата на 55 децибели.

Протестот почна со музика од импровизиран ноќен клуб пред Владата. Голем број на музичари и уметници од земјава дојдоа да им дадaт поддршка на своите колеги, кои се засегнати од ситуцијaта. Наум Петрески, Ферус Мустафов, Ванчо Тарабунов, Анита Мицова, Сузана Гавазова, Панчо ДНК, беа само дел од имињата кои се присутни пред Владата.

 

Share
Scroll to Top