Филип Миркуловски вечерва против Чешка го одигра последниот натпревар за репрезентацијата на Македонија. За таа чест, пред натпреварот првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов му се поклони и му подари дрес.
Иако се чинеше дека ова ќе биде последен натпревар и за Кире Лазаров, селекторот и капитен на Македонија не доби проштален дрес. Лазаров би можел да игра и на есен, во квалификациите за Европското првенство.
За потсетување, вечерва Македонија ја победи Чешка со 27:25 и се пласираше на Светското првенство кое наредната година ќе се игра во Полска и Шведска.