post-image

Мурињо му подари на својот играч пршута од 500 фунти

пред 3 години

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, го исполни ветувањето на својот играч Серхио Регилон, и му подари пршута од 500 фунти. Мурињо, пред натпреварот, со Манчестер Сити, му рекол на Регилон во соблекувалната дека ќе добие награда ако успее да го сопре играчот на противничкиот тим, Ријад Махрез. Махрез не постигна гол, а Тотенхем го доби дуелот.

„Ветување е ветување. Ме чинеше 500 фунти, но јас моите ветувања ги исполнувам“, напиша Мурињо на „Инстаграм“.

Share
Scroll to Top