Мјузиклот „Дијана“ ги собра номинациите за најлош филм, Брус Вилис доби посебна категорија

Мјузиклот „Дијана“ ги собра номинациите за најлош филм, Брус Вилис доби посебна категорија

пред 3 години

Мјузиклот за принцезата Дијана собра најмногу номинации за Златна малина, кои го слават најлошото во филмот во изминатата година. Номинациите Златна малина секогаш се објавуваат ден пред номинациите за оскари. Мјузикалот  „Дијана“ е номиниран во девет категории, сосе номинацијата за најлош филм. А тука се и филмовите „Бесконечно“, „Вселенска кошарка 2“ , Жената на прозорецот“ и „Карен“.

Филмот во продукција на „Нетфликс“ е заснован врз бродвејскиот мјузикл.И двете верзии имаат ужасни критики. Претставата само по 33 изведби беше тргната од репертоарот

„Еве што видовме во 2021: измачувачки мјузикли, трилери без возбуда и повеќе Брус Вилис одошто стомак на гладен гледач може да поднесе. Па така 2021 не ги изневери златните малини“, кажаа организаторите.

Ќе се додели  посебна златна малина за најлош настап на Брус Вилис во 2021, за што конкурираат дури осум филма. Во категоријата најлош актер се номинирани: Скот Иствуд, Рои Хартрампф, Леброн Џејмс, Бен Плат и Марк Волберг. За најлоша актерка пак Ејми Адамс, Џина де Вал, Меган Фокс, Тарин Менинг и Руби Роуз.

 

Share
Scroll to Top