Надал поради повреда го откажа настапот на турнирот во Ротердам

Надал поради повреда го откажа настапот на турнирот во Ротердам

пред 3 години

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го откажа настапот на турнирот во Ротердам, поради болки во грбот. Вториот најдобар тенисер во светот, требаше да настапи на АТП турнирот од серијата 500, кој ќе се одржи од 1. до 7. март, но поради болките, вели дека е принуден да се откаже.

„Болките почнав да ги чувствувам уште на турнирот во Аделаид, а продолжија на Австралија Опен. Најдовме привремено решение во Мелбурн, но по враќањето во Шпанија бев советуван да паузирам. Баш штета. Бев среќен затоа што долго време немав играно таму“, изјавил Надал.

Шпанскиот тенисер последен пат настапи на турнирот во Ротердам во 2009 година, кога во финалето загуби од Британецот Енди Мареј. На Австралија Опен беше поразен во 1/4 финалето против Гркот Стефанос Циципас.

Share
Scroll to Top