Надал со пресврт победи на Австралија опен и ја освои 21. гренд слем титула во кариерата

Надал со пресврт победи на Австралија опен и ја освои 21. гренд слем титула во кариерата

пред 2 години

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал стигна до 21. гренд слем титула во кариерата и испиша историја откако во финалето на Австралија опен со пресврт го победи Данил Медведев. Надал имаше негатива од два сета, но на крајот победи 3-2.

Надал цело време ја имаше и поддршката од публиката, но Медведев успеа да стигне до брејк во првиот сет и да го добие со 6-2. Во вториот сет Надал поведе со 4-2, но на крајот се играше тај-брејк кој го доби Медведев за водство од 2-0 во сетови.

Шпанскиот тенисер ја смени играта во третиот сет и почна да доминира во поените. Тој ги доби последните три сета и ја освои својата 21. гренд слем титула во кариерата. Со тоа Надал стана првиот светски тенисер што освоил 21 титула на гренд-слем турнирите.

Share
Scroll to Top