Менаџерот Иво Јаковски и поранешниот модел Надица Ѓеоргиева, септември го искористија да заминат на патување и да ги посетат Франција, Монако и Италија.
Парот објави фотографии од плажата во Ница, но и додека ги разгледуваат знаменитостите. Додека во Винтимиглија, Италија уживаа низ тесните карактеристични улички и живописната архитектура.
Иво и Надица во Монако се запознале со светскиот број еден тенисер Новак Ѓоковиќ и споделија фотографија со него.
„Задоволен сум што се запознав со Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на планетата“, напиша Иво на фотографијата.
Тенисерот и неговата сопруга Јелена неодамна отворија ресторан за здрава храна во Монако.