Намирници кои го намалуваат холесторолот и триглицеридите

Намирници кои го намалуваат холесторолот и триглицеридите

пред 2 години

Доколку имате проблем со висок холестерол, важно е да ја промените исхраната, во тоа се согласни сите лекари. 

Овие три намирници се најдобри во овој случај. Доколку ги вклучите во исхраната, можно е значително да го намалите процентот на маснотии во крвта.

Овес и јачмен

Овесната каша содржи растворлив тип на влакна кои се особено ефикасни во намалувањето на холестеролот бидејќи се врзуваат за липопротеините со мала густина (LDL) во дигестивниот тракт и помагаат во елиминирање на изметот од телото. Овесот и јачменот се корисна храна за контрола на холестеролот.

Леб од интегрално или цело зрно

За луѓето со висок холестерол, овој вид леб е далеку подобра опција од белиот. Содржи многу диететски влакна: Според експертите, возрасните треба да се трудат да консумираат најмалку 30 грама влакна на ден бидејќи тие ја попречуваат активната апсорпција на холестеролот во цревата, но и го поттикнуваат неговото излачување преку столицата.

Цели житарки или трици

Овие намирници се исто така богат извор на влакна и затоа ефикасно помагаат во намалување на нивото на холестерол. За да се намали концентрацијата на „лошиот“ ЛДЛ холестерол, најдобро е да се јаде 5 до 10 грама или повеќе растворливи влакна дневно.

Share
Scroll to Top