Направете сами ракавици во стилот на Шанел

Направете сами ракавици во стилот на Шанел

пред 3 години

Секоја модерна дама сака својот стил да го надополни со стилски детали.

Понекогаш тоа се брендирани додатоци, а понекогаш нешто што доволно личи на нив. Доколку сте спремни на еден интересен „Направи сам“ проект, кој ќе ви донесе нов моден додаток, останете со нас во редовите кои следат. Сигурно сте се запознале со изгледот на познатите Шанел ракавици со исечоци. За да не потрошите на нив едно цело мало богатство, ќе ви покажаме како едноставно да ги направите сами од вашите кожни ракавици. И што е најдобро од сè, никој нема да ја примети разликата, тајната ќе ја знаете само вие!

Потребно:

  • Еден пар стари кожни ракавици
  • Ножици
  • Молив
  • Пиштол со лепак
  • Картон
  • Скалпел молив (перо)

Упатство:

Ракавиците свртете ги наопаку и исечете картон така што едното парче стои во просторот за дланката, а петте помали во секој од прстите на ракавицата. Доколку се подолги ракавиците, исечете ги од почетокот на дланката. Исцртајте потоа шари кои ќе станат исечоци. Исечете ги прстите до половина, оставајќи додаток за раб. Користејќи го пиштолот со лепак залепете ги рабовите на прстите и кругот околу дланката. Потоа земете фин скалпел-молив и почнете да правите исекотини лесно притискајќи, само внимавајте да не ја оштетите спротивната страна. Картонот треба да ви послужи како добра потпора. По завршетокот свртете ги ракавиците и спремни сте за излегување.

Share
Scroll to Top