НАСА и официјално почна да истражува неидентификувани воздушни феномени

НАСА и официјално почна да истражува неидентификувани воздушни феномени

пред 4 години

НАСА состави независен тим кој и официјално почна да истражува неидентификувани воздушни феномени во вселената, стои во соопштението на агенцијата. Задачата ќе трае девет месеци и ќе ја постави основата за идната студија за природата на неидентификуваните воздушни феномени, пренесе „Интрестинг енџиниринг“.

dobivaj vesti na viber

Крајната цел на групата ќе биде да препорача план за потенцијална анализа на податоците во врска со НЛО и ќе се фокусира исклучиво на декласифицирани податоци. Откако ќе заврши истражувањето, целосниот извештај ќе биде објавен на јавноста во средината на 2023 година.

„Истражувањето на непознатото во вселената и атмосферата е во срцето на тоа кои сме ние во НАСА. Разбирањето на податоците што ги имаме за неидентификуваните воздушни феномени е од клучно значење за да ни помогне да извлечеме научни заклучоци за тоа што се случува на нашето небо. Податоците се јазикот на научниците и го прават необјаснивото објаснето“, изјавил Томас Зарбакен од Дирекцијата за научна мисија во седиштето на НАСА во Вашингтон.

Студијата ќе ја води Даниел Еванс, а со независниот тим ќе продолжи да претседава Дејвид Спергел, претседател на фондацијата „Симонс“.

„НАСА собра некои од водечките светски научници, експерти за податоци, вештачка интелигенција, безбедност на воздухопловството, сите со една цел на ум, а тоа е да ни каже како да го примениме целосниот фокус на науката и податоците на неидентификуваните воздушни феномени“, истакнал Еванс.

Share
Scroll to Top