НАСА повторно го одложи слетувањето на Месечината

НАСА повторно го одложи слетувањето на Месечината

пред 2 години





Вселенската агенција НАСА повторно го одложи слетувањето на Месечината, поради проблемите со ракетата SpaceX Starship. Враќањето на човекот на Месечината беше планиран преку мисијата Artemis 3. Мисијата која би го одбележала првото слетување на човечкиот екипаж на Месечината во 21 век, повторно доцни, а овој пат причината е експлозија на ракетата Starship која имаше неуспешно лансирање во април.

Ова е второ одложување на наведената мисија, која првично беше планирана за во 2024 година. По последното поместување, слетувањето би можело да се случи на крајот на 2026 година. Starhip на Илон Маск, неговото последно чедо во 2021 година е избрано за главна ракета за мисијата Artemis.

Од НАСА се надеваа дека ќе го повторат успехот на Аполо 11 и дека повторно ќе донесат луѓе на Месечината.