НАСА поради прекин на струјата изгуби контакт со Меѓународната вселенска станица

НАСА поради прекин на струјата изгуби контакт со Меѓународната вселенска станица

пред 1 година

Американската вселенска агенција НАСА, пореди губење на електрична енерија во зградата, во вторникот за кратко ја прекинала комуникациската врска со Меѓународната вселеска станица, пренесе „Гардијан“. Агенцијата морала да се потпре на резервните контролни системи.

„Немаше никакви проблеми со вселенската станица. Проблемот се јави кај нас на земјата. За среќа никој не беше во опасност. Прекинот на струја значеше дека мисијата ја изгуби контролата, телеметријата и гласовната комуникација со станицата во орбитата“, рече шефот на програмата на Џоел Монталбано.

Екипажот на вселенската станица бил информиран за проблемите преку рускиот комуникациски систем, 20 минути по прекинот на струјата.

Монталбано рече дека астронаутите не биле во опасност во ниту еден момент и дека резервните системи можат да овозможат нормална комуникација во период од 90 минути. Ова е првпат НАСА да мора да ги активира резервните системи. Оттаму велат дека наскоро ќе ги решат сите проблеми и ќе се вратат во нормала.

За потсетување, во февруари, Москва лансираше спасувачки брод до Меѓународната вселенска станица за да донесе дома тројца членови на екипажот кои беа заглавени откако нивната оригинална капсула беше погодена од метеор.

Минатата година космонаутите пристигнаа на станицата во жолти авионски одела со сини детали, боите на украиснкото знаме, брзо откако се случи руската инвазија.

 

 

Share
Scroll to Top