Наскоро нова бесплатна верзија за фотошоп

Наскоро нова бесплатна верзија за фотошоп

пред 3 години

Adobe наскоро ќе ја претстави новата верзија од популарната алатка за уредување на фотографии Photoshop, која ќе биде достапна само за веб. Adobe во моментов ја тестира новата freemium верзија која е достапна во Канада.

dobivaj vesti na viber

Наскоро ќе биде достапна и пошироко, а засега сите корисници во Канада кои ќе направат Adobe профили ќе имаат пристап до бесплатната верзија на Photoshop.

Photoshop долго време беше стандард во индустријата за уредување на фотографии, а неговата месечна претплата одбиваше голем број од корисниците. Во меѓувреме, бесплатнитe софтвери за уредување како Pixlr, Canva и Photopea привлекоа голем број корисници.

Adobe ќе им ги понуди на корисниците своите основни алатки за уредување на фотографии бесплатно со цел да дојде до нови корисници. Исто така се надева дека некои од корисниците на freemium Photoshop ќе станат претплатници, особено затоа што компанијата планира да понуди напредни функции и можности од верзијата само за веб, која може да се отклучи само со претплата.

Adobe минатата есен лансираше веб верзија Photoshop-a и Illustrator-a за претплатниците, но нивната функционалност била ограничена на основно уредување и коментирање меѓу соработниците на проектот.

Новата бесплатна веб верзија на Photoshop значајно ќе ги прошири достапните алатки и ќе им овозможи на корисниците да почнат со нови проекти, а ќе им понуди и пристап во напредните алатки.