Научете како да разликувате зрел од незрел човек

Научете како да разликувате зрел од незрел човек

пред 3 години

Да сакате значи да ѝ се подарите себеси на личноста што ја сакате. Да сакате значи да се предадете и да бидете потполно искрени.

Во љубовта нема игри и манипулации – а ако тоа се случува во вашата врска, можеби имате работа со незрел маж. Внатрешната несигурност е состојба во која сите се наоѓаме понекогаш. Несигурните мажи покажуваат максимална грижа и внимание, ќе ласкаат и ќе бидат интересни, но во исто време ќе ги покажат своите лоши страни.

За незрелите мажи обично жената е само алат, нејзиното освојување за нив е единствен начин да ја поткренат сопствената самодоверба. Незрелите машки заводници се обидуваат само да го задоволат своето его и едноставно не поднесуваат неуспех. Видете, доколку сте во врска со несигурен и незрел маж кој игра игри, не сте вие виновни.

Таквиот маж веројатно ве манипулирал да верувате во работите што всушност не постојат како вам би ви ја поткопал самодовербата и себеси би се кренал на врвот. Целта му е да почнете слепо да му верувате. Така ќе биде сигурен дека нема да го оставите додека тој од страна прави што сака и кога сака.

Кога ќе му затреба нешто од вас, тој тоа нема да го побара како сите нормални луѓе, туку ќе направи да се чувствувате виновни што не сте му го дале. Поради недостигот на самодоверба, тој размислува само за подигнувањето самодоверба и од таа причина успева во играта што ја игра со вас.

За да се чувствувате малку несигурни, таквите мажи секогаш ќе се осврнат на моралните принципи на своите жени. Ги користат нејзините мани, сомнежи, а често и комплекси, како би ја држеле под контрола. Несигурниот маж оди толку далеку што ја искористува емоционалната поврзаност и ја искористува вашата добрина. Доколку сте во врска со ваквиот маж, дадете му до знаење дека ги знаете неговите намери и поработете на тоа да ги подобрите.

Share
Scroll to Top