Научниците за првпат инсталираа соларни панели во вселената и ја пренесоа електричната енергија на Земјата

Научниците за првпат инсталираа соларни панели во вселената и ја пренесоа електричната енергија на Земјата

пред 1 година

За прв пат, научниците користеа соларни панели во вселената за да соберат, а потоа и да испратат електрична енергија на Земјата. Сонцето произведува огромна количина на енергија, чиј потенцијал, за жал, сè уште не го користиме доволно за нашите енергетски потреби.

Трендот на користење на соларни панели се зголемува со децении, а благодарение на технолошките иновации во оваа област, самите панели, нивното поставување и одржување никогаш не биле поевтини, а има уште многу простор за подобрување.

Во моментов, најефикасен тип на панели се монокристалните соларни панели, чија ефикасност на конверзија на сончевата енергија се движи од 15 до 23 проценти.

Сепак, дури и да има панели на пазарот кои покажуваат многу повисоки проценти, овие бројки би се однесувале само во идеални услови, односно на директна сончева светлина.

Пад на ефикасноста би имало при облачно време, а речиси целосен прекин на производството на електрична енергија за време на ноќта,би  претставувал најголем проблем.

Но, постои решение. Потребно е само панелите да се постават таму каде што секогаш преовладуваат идеални услови во вселената.

Се разбира, ова е полесно да се каже отколку да се направи, првенствено поради трошоците за испраќање на опремата во орбитата околу нашата планета, а потоа и поради предизвиците за пренесување на собраната енергија назад на Земјата.

Сепак, Калтек објави дека научниците од овој универзитет постигнале подвиг што се предлагал со децении, а тоа е дека нивниот прототип во вселената успешно ја собрал, конвертирал и испратил електрична енергија на Земјата.

Демонстраторот за сончева енергија во вселената (SSPD-1) исто така докажа дека опремата за оваа намена може да го преживее летот и покрај предизвикувачките услови во вселената.

„Никој никогаш не демонстрирал безжичен пренос на енергија во вселената, дури и со скапи, крути структури, а ние тоа го направивме со флексибилна и лесна структура и со наши интегрирани кола. Ова е првпат да се изведе вакво нешто“, рече Али Хаџимири, еден од водечките научници на проектот Caltech.

Испраќањето на микробранова енергија е само еден од трите експерименти што научниците ги спроведуваат со SSPD-1, а вклучуваше два одделни приемници и лесни микробранови предаватели со прилагодени чипови.

Тимот додаде дека сателитот е дизајниран да ја минимизира количината на гориво потребно за да се испрати во вселената, а дизајнот е доволно флексибилен што предавателите може да се преклопат за да се вклопат во ракетата.

Собирањето сончева енергија во вселената е стремеж на научната заедница чии почетоци датираат од 1968 година, кога инженерот на НАСА, Питер Глејзер, го претстави првиот концепт од ваков вид.

Иако сè уште е исклучително скапа во сегашната форма, покажаната технологија има огромен потенцијал, така што овој прототип е само првиот чекор кон целта еден ден да видиме соларни електрани во вселената кои континуирано ќе генерираат електрична енергија, без оглед на времето од денот или временските услови.

Share
Scroll to Top