Научниците на чекор да откријат зошто Сонцето сјае

Научниците на чекор да откријат зошто Сонцето сјае

пред 3 години

Научниците се на чекор да откријат зошто Сонцето сјае, пренесуваат светските медиуми. Тие откриле дека за време на мистериозниот процес на Сонцето, се формираат неутрини, елементарни честички, а тоа може да им помогне да ги разберат сите тајни на оваа ѕвезда.

Велат дека можат да ја откријат целата нејзина структура. Благодарение на ова откритие, научниците веруваат дека можат да ги разберат феномените кои се случуваат во универзумот.

Зад истражувањето стои екпериментот Boroksino kolaborejsn, со седиште во Италија, на кое работат научници од сите краеви во светот. Главната цел им е подобро да ги разберат процесите со кои Сонцето се напојвува, исто како и другите ѕвезди.

„Мерењата на овие неутрини, имаат потенцијал да ни го откријат составот на Сонцето и да ни дадат одговори, како се формираат ѕвездите“, навел Габриел Д’Ореби Ган, од Универзитетот на Калифорнија, во текст кој е објавен во магазинот Nature.

„Големиот успех на Boroksino kolaborejsn, ќе не доближи до подобро разбирање на Сонцето“, се додава во текстот.

Ѕвездите сјаат благодарание на нуклеарната фузија на хидрогени во хелиумот. Тоа може да се случи на два начина. Врската протон со протон, во која учествуваат само хидроген и хелиум, или врската јаглерод со нитроген и кислород CNO.

Кога станува збор за нашето Сонце и другите ѕвезди со приближна големина, врската протон со протон, создава околу 99% од енергијата. Но, CNO, која чини помал, но важен дел од производството на енергијата, се покажува како врска која делува индиректно.

Малиот број на неутрини која доаѓа до овој механизам, значи дека е тешко да се одвојат од позадинските сигнални. Научниците сега велат дека успеале да забележат неутрини, кој се појавуваат токму во тој процес. Детекторот на експериментот Boreksino, е многу чувствителен.

Но, истиот е во состојба да ги блокира позадинските сигнални. На тој начин е можно да се соберат активностите на неутрините, кои до сега важеле за мистериозни елементарни честички, особено кога станува збор за разбирање на структурата на Сонцето.

Ова е првпат научниците да успеат да детектираат неутрини, во каква било форма. Ова е првпат да човештвото има увид во тоа како функционира механизмот кој хидрогенот го претвора во хелиум во универзумот.

На овој начин е потврдена и теоријата дека циклусот CNO чини само 1% од Сончевата енергија. Иако се работи за мал процент, тоа може да им помогне на научниците повеќе да дознаат за ѕвездите и како истите се напојуваат.

Share
Scroll to Top