Научници открија нов вид на диносаурус стар 72 милиони години

Научници открија нов вид на диносаурус стар 72 милиони години

пред 1 година

Група научници открија нов вид на диносаурус стар 72 милиони години. Експедицијата од 2013 година, која била предводена од Чилеанскиот антарктички институт, откри коски од диносаурусот во Патагонија, место кое се наоѓа во јужниот де на Чиле.

Научниците велат дека диносаурусот тежел околу еден тон и бил висок околу четири метри. Студијата ја објавиле во списанието „Science Advances“, пренесе Ројтерс.

„На почетокот мислевме дека е од истата група како и другите јужноамерикански хадросауруси, но како што напредувавме во истражувањето, сфативме дека станува збор за поинаков тип на диносаурус“, рече авторот на студијата, Џонатан Аларкон.

Додаде дека истражувачите откриле повеќе од 100 коски. Ги споредиле со претходно пронајдените остатоци за да потврдат дека станува збор за нов вид.

Share
Scroll to Top