Инаку, Пелопонез е свет за себе и точка во Грција која е преполна со историја, вистински хедонизам и неверојатна природна убавина, но за неговото внимателно истражување и детаљно запознавање потребни се време, енергија, но и пари.
Нафплио има што да понуди и кога станува збор за плажите, па така туристите може да уживаат во чистата сина вода и неверојатните плажи. Има одлична локација доколку сакате да крстарите на Пелопонез, не е далеку од прекрасните плажи, а има многубројни убавини што треба да ги посетите.
Тешко е да не се заљубите во ова гратче и тоа на прв поглед, тоа е вистински дијамант на Грција, а целото гратче дише во ритамот на културата и целокупно потсетува на едно уметничко дело.
Фактот дека во него има разни културни влијанија придонесува за неговата атмосфера, колоритот и живописот.
Старите, тесни, мали улички, кои се полни со скали, водат до широките плоштади, а ќе уживате и во погледот од терасите преполни со цвеќиња.
Не треба да го занемарите ниту новиот дел од градот, кој е прекрасно среден и многу жив, а има и шопинг-центар со пристојни цени.
Покрај прошетката во стариот дел од градот и пристаништата, вечерата во некој од многуте ресторани ќе ви биде незаборавна.
Таму исто така може да уживате во обиколување на музеите, историските локалитети, гледањето филм во кино на отворено или, пак, возењето со кајак.
Она што овој град го прави единствен е тоа што може да се пофали со три средновековни тврдини, кои навистина се автентични.