Припадниците на овие четири знаци на зодијакот мислат само на себе. Ќе направат сè за да го постигнат она што го зацртале, без разлика како тоа ќе влијае на луѓето околу нив.
Тие не се грижат за другите. Се ставаат себеси на прво место и често ги игнорираат чувствата на другите луѓе, мислат дека целиот свет се врти околу нив. Егоцентрични се и немаат разбирање за туѓите проблеми.
Ова се 4-те најарогантни знаци на зодијакот:
Овен
Овој знак на зодијакот е познат по својата упорност. Што и да замисли, ќе направи. Тој ќе го оствари својот план по секоја цена. Мисли само на себе и на своите лични цели.
Бик
Родените во овој знак ќе направат сè за да го свртат вниманието на своите лични проблеми. Веруваат дека она што им се случува е поважно од она што им се случува на другите луѓе.
Иако важат за луѓе на кои можете да се потпрете и добри пријатели, тие иритираат многумина бидејќи воопшто не се подготвени на компромиси и се стремат само кон своите цели.
Лав
Претставниците на знакот лав се познати по високата самодоверба и навиката да претеруваат и преувеличуваат сè. Што и да прави лавот, тој верува дека е најдобар во тоа. Му треба вниманието на другите, и тоа во неограничени количини. Нему му е важно другите да му кажат колку е неопходен. Поради тоа уште како млади стануваат крајно арогантни.
Јарец
Овој знак навистина се сака себеси и смета дека тој е единствениот кој е секогаш во право. Ако почне да се сомнева во својата одлука или потег, одеднаш ќе дојде до заклучок дека сите други се виновни за неговата грешка.