Највисокиот човек во светот е од Турција и живее во специјално дизајнирана куќа

Највисокиот човек во светот е од Турција и живее во специјално дизајнирана куќа

пред 2 години

Највисокиот човек во светот, Султан Косен, живее Турција. Тој влезе во Гинисовата книга на рекорди со неговата висина од 2,51 метар, но и најдолги дланки и стапала 36,5 сантиметри.

dobivaj vesti na viber

Во неговото родно место, селото Дерик, се одржува натпревар по фотографирање наречен „Национален фотосафари – Мардин“, па организаторите и членовите на жирито го посетиле и највисокиот човек во светот.

Неговиот дом е специјално направен за да одговара на неговата висина.

Косен им се заблагодарил на фотографите за посетата, а учесниците на натпреварот ја искористиле можноста да ја снимат и овековечат средбата. Косен открил дека бори со здравствени проблеми и дека е под постојан лекарски надзор. Тој е среќен, како што рекол,  што имал можност да патува ширум светот и да ја претставува својата земја. Тој досега посетил 127 земји.

Share
Scroll to Top