Најинтелигентни хороскопски знаци - Reporter.mk

Најинтелигентни хороскопски знаци – Reporter.mk

пред 2 години

Астролозите велат дека претставниците на овие хороскопски знаци се убедливо поинтелигентни од останатите. Нивниот мозок никогаш не мирува, а идеите само продолжуваат да доаѓаат. Многу лесно се снаоѓаат во сите ситуации, а доколку се најдат во неволја, брзо ќе излезат од неа, благодарение на чистиот ум.

Водолија

Припадниците на овој знак се исклучително интелигентни, што објаснува зошто меѓу нив има толку прославени генијалци. Одлично ги поминуваат тестовите за интелигенција, имаат талент за поинаков и оригинален пристап кон проблемите и голема можност за концентрација. Колку се поинтелигентни, толку се повеќе склони кон емоционална нестабилност.

Близнаци

Припадниците на овој знак се многу јасни, а во споредба со другите знаци се карактеризираат со брзина на размислување, како и јасност со која без прекумерна мака доаѓаат до решавање на проблемите. Имаат одлична способност да учат и совладуваат нови вештини, но тоа им користи само ако се спремни да се посветат на нешто.

Јарец

Припадниците на овој знак имаат т.н. практична интелигенција. Имаат завидна меморија која им овозможува да ги паметат и најбаналните работи кои секогаш ги користат, а стекнатото знаење одлично го применуваат и никогаш не забораваат на она што некогаш го совладале.

Share
Scroll to Top